Почетно именуван како „Метаверзум Сеул“, во рамки на проектот е планирана изградба на виртуелен екосистем за сите општини и градската администрација. Проектот вклучува економски, културни, туристички, едукативни и граѓански сервиси.
Под „метаверзум“ се мисли на заеднички 3D виртуелен свет, во кој сите активности се извршуваат со помош на технологија за виртуелна реалност. Ваквите платформи се здобија со популарност за време на пандемијата, а преку нив луѓето имаа можност да учествуваат во заеднички активности, онлајн.
Главниот јужнокорејски град во проектот инвестирал 2.8 милијарди евра, како дел од визијата на градоначалникот О Се Хон за развој на Сеул до 2030 година. Според изјавите на градоначалникот, проектот цели да направи од Сеул град на коегзистенција, глобален лидер и сигурно место.
Доколку овој градски проект се оствари, граѓаните на Сеул ќе може да се консултираат со градските власти и онлајн. Во рамки на метаверзумот се планирани и јавни настани, а ќе биде достапна виртуелната градоначалничка канцеларија, виртуелна верзија на универзитетскиот кампус, и сеулската технолошка лабораторија.
Во 2023 година е планиран да се отвори виртуелен јавен сервис, а дополнително ќе бидат достапни големите туристички атракции како плоштадите, пазарите и фестивалите преку виртуелната туристичка зона.
-Сеул ќе биде пионер на во метаверзум проектите, така што ќе ги спои јавните побарувања со приватната техноилогија, изјавил Парк Јонг Соо, генераниот директор на проектот.