Меѓународните набљудувачи тврдат дека прехранбената и економската ситуација во Северна Кореја е тешка и оти има сигнали делка земјата ја зголемува трговијата и добива голема хуманитарна помош преку Кина.
Јужнокорејската разузнавачка служба на вчерашното парламентарно сослушување зад затворени врати соопшти дека севернокоресјкиот лидер Ким Џонг-ун издал наредба за зачувување на секое зрно ориз. Според јужнокорејската агенција Северна Кореја презема и чекори за повторно отворање на границата со Кина и со Русија во следните месеци, што е затворена поради пандемијата со Ковид-19.
Оваа недела, севернокорејските државни медиуми ја промовираа потрошувачката на месо од црн лебед како медицински извор на храна, наведувајќи дека ново развиеното индустриско одгледување ќе помогне да се подобри животот на луѓето.
– Месото од црниот лебед е вкусно и е лековито, објави севернокорејскиот дневен весник Родонг Синмун, кој е во сопственост на владејачката партија.
Истражувањето за одгледување украсни птици за храна почна на почетокот на 2019 година, а властите им наложија на училиштата, фабриките и компаниите да одгледуваат риби и други животни со цел да ја зголемат сопствената независност во храната.