Властите во Северна Кореја соопштија дека ракетните тестови се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и региони.

Северна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел над Јапонија во вторникот.

„Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД“, јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.

Ракетните тестови „не претставуваа никаква закана и не предизвикаа штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и региони“.