Германија и Италија се приклучија на европската коалиција формирана од Белгија, Холандија, Франција и Шпанија за борба против организираниот криминал, јави ДПА.

Претставниците на шесте земји на состанокот во Амстердам се согласија да ги зајакнат мерките за спротивставување на криминалните мрежи како што се нарко бандите.

– Структурите на моќта на бандите можат да се разбијат само со заеднички напори, изјави по состанокот холандскиот министер за правда Дилан Јешилгоес-Зегериус.

– Меѓународниот криминал никогаш не мирува, па и ние мора да го сториме истото, додаде таа.

Минатата година Белгија, Франција, Холандија и Шпанија се договорија да ја зајакнат соработката во борбата против организираниот криминал.

Еден од главните фокуси на новото партнерство ќе биде чувањето на главните европски пристаништа како што се оние во Антверпен, Ротердам и Хамбург.