Македонските шаховски репрезентации во женска и машка конкуренција од вчера се во хотелот „Скардус“ на Попова Шапка на првата фаза од подготовките за претстојната Олимпијада во индискиот град Ченаи.
Женска репрезентација, предводена од селекторот Љубиша Андоновски, е во состав Моника Стојковска (2086 рејтинг поени) Ивана Манова (1853), Драгана Николовска (1904), Леа Ефтовска (1610) и Моника Жежовска (1611), додека селекторот на машката репрезентација Трајко Недев се одлучи за Звонко Станојоски ВМ (2407), Емил Ристески ФМ (2391), Тони Лазов ИМ (2377), Никола Николовски ИМ (2372) и Андреј Вељаноски – (2200).
Шаховската Олимпијада во Ченаи ќе се одржи од 27 јули до 10 август.