Таа посочи дека во првиот бран, кога Владата подготвувала приоритетни групи кои треба да се вакцинираат, биле и вработените во градинките.

Министерката за труд и социјална политика потенцираше дека со доследно почитување на протоколите од страна на вработените, родителите но, и поради природата на вирусот, согласно ограничениот број на присутни деца, градинките беа првите отворени објекти во услови на пандемија. Со тоа, рече Шахпаска покажавме дека се безбедно место за згрижување на децата.