Како што е најавено, на конференцијата свои обраќања ќе имаат и Стефан Худолин, шеф за соработка, Делегација на Европската унија во Скопје и Марина Васиќ, програмски менаџер на ROMACTED (Совет на Европа).
По официјалното отворање на конференцијата, ќе биде потпишан на меморандумот за разбирање помеѓу Советот на Европа, Министерството за труд и социјална политика и општините вклучени во втората фаза од имплементацијата на програмата: Берово, Битола, Прилеп, Кочани, Штип, Струмица, Крива Паланка, Шуто Оризари, Гостивар, Кичево, Тетово, Дебар, Велес, Виница и Делчево.