Таа порача дека квалитетот на институциите и ефикасната јавна администрација претставуваат клучен и одлучувачки фактор кога се говори за економската и општествената благосостојба во една земја.
– Со електронското поврзување и со размена на податоци на корисниците на ГМП, кое е овозможено со овој проект и е во насока на подобрување на меѓуинституционалната соработка и конечно на обезбедување на поефикасни, квалитетни и навремени услуги на граѓаните. Благодарение на оваа електронска размена којашто се остварува со воспоставените веб-сервиси меѓу центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување досега се изготвени индивидуални планови за активација на околу 1100 корисници на гарантирана минимална помош, нагласи Шахпаска.
Министерката посочи дека соработката преку системот за интероперабилност претставува важен чекор за брза и ефикасна дигитална трнасформација на јавните услуги.
– Со олеснетиот пристап на МТСП до податоците на Агенцијата за вработување се поедноставува следењето на политиките и мерките за вработување, како и сите неопходни прилагодувања за да се одговори на потребите на пазарот на трудот, рече Шахпаска.
Таа посочи дека со развиените веб-сервиси и алатки за податоци овозможено е поврзување не само на актуелните, туку и на базите на податоци преку платформата за интероперабилност и електронска размена меѓу сите институции. На овој начин, како што истакна Шахпаска, ефикасноста на институциите е подобрена, а резултатите и потребите на граѓаните полесно се адресираат.
– Инвестициите во дигитализацијата се неопходни и суштински ако сакаме да изградиме општество коешто ќе ги следи современите светски меѓутоа, пред се, европски текови. Затоа е неопходно да се воспостави на сите нивоаво сите институции, со една единствена цел да го олесни пристапот на граѓаните кон нив, заклучи Шахпаска.
Министерката за образование и наука Мила Царовска честита за успешноста на проектот и посочи дека е значаен за сите во Владата.
– Нашата држава нема многу искуств. ниту историја на креирање политики врз основа на докази и податоци, а политиките кои не се базирани на податоци, анализи и докази не може да очекувате да дадат резултати, што укажува дека навистина овој проект за воспоставување систем за размена на податоци меѓу клучните институции и тие податоци да бидат понатаму користени за креирање и следење на донесените политики и какви се нивните ефекти, е значаен, рече Царовска.
Таа се заблагодари на делегацијата на ЕУ во земјава која, преку сите програми кои што ги спроведува и финансиски ги поддржува има можност да влијае директно на подобрување на сите општествени сфери во државата, а со тоа ја подготвува нашата држава побрзо и поедноставно да се приклучи кон европското семејство или да ги постигне стандардите кои што ги имаат европските држави.
– Одговорно тврдам дека податоците кои ги има Министерството за образование и наука денес се подобри благодарение на сите системи коишто се внатре поставени, но не само што податоците се подобри и поверодостојни, туку и нивното поврзување со другите институции и податоците од другите институции се од курицијално значење за да можеме да добиеме следење на развојот на учениците коишто се од основно, средно, дел од нив завршуваат на пазарот на труд, дел одат во високо образование, а со тоа државата може понатаму да го планира својот човечки потенцијал затоа што економскиот развој и раст на државата директно зависи од потенцијалот којшто се создава во училиштата, потенцираше министерката за образование и наука.