Проблемите кои настанаа во онлајн наставата се надминаа за неколку часа, и кон ова пристапивме од нужност, иако сме против он лајн натстава. Ова го посочи министерот за образование Јетон Шаќири, на денешната пресконференција, но не посочи детали оклу тоа какви мерки ќе се преземат за надминвуање на дојавите и за продолжување со наставата во училиштата.

– Сите знаете дека во овие случувања имаме два сегмента, безбедносниот и образованиот сегмент.

Сите одлуки кои доаѓаа во препрака од безбедносниот сектор ги добиваме од друг институции кои треба да ги обезбедат или да дадат насоки за безбедност. Што се однесува до образованиот аспект, вчера беше првиот ден, по првите препораки кои ги добија средните и основните училишта само во градот Скопје, зошто најголемиот проблем, повеќе од 90 проценти од проблемите се само во градот Скопје. После првиот ден, вчера беше прв ден откако се споделени насоки за онлајн настава, и кога видовме со какви проблеми се соочуваме, во контекст на наставата како да ја продолжиме, но и реакциите на родителите.

Проблемите кои дојдоа од платформата, се создадоа оти имаше рекорден број дојави, и имаше во училишта кои претходниот период немаа дојави. Училиштата кои добија насоки во петокот, и пристапија кон промена на лозинки, на пасворди, тие вчераа немаа проблем. Некои од училиштата кои добија дојави во перид од еден саат ги надминаа проблемите – појаснуваше министерот.

Шаќири посочи оти иако како министер и како институција се против он лајн настава, но за да не се губи во наставниот материјал и за да не се губи многу од наставата, донеле одлука повторно да се организира он лајн натава.

– Сега ќе ги разгледуваме проблемите кои излегоа, очекувам во најбрзо можен рок, заедно со Владата, да дискутираме и најдеме решение за училиштата каде има целодневна настава, и за сите останати да најдем решение на пробемот од лажните дојави на бомби, кој доаѓа на мејловите и на променетите мејлови – посочи Шаќири.