Како што соопшти МИОА, Шаќири порачува дека иднината на нашето општество е тесно поврзана со технологијата и затоа паралелно со процесот на дигитализација се грижиме и за сајбер безбедноста.
Министерот Шаќири нагласува дека ќе се зајакне улогата на Националниот Центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, како дел од Дигиталната агенција, која ќе се формира преку нацрт -законот подготвен од МИОА. Овој Центар ќе биде координатор на сите други локални центри и ќе работи во рамките на другите клучни институции во Република Северна Македонија.
– Во соработка со Министерството за образование и наука подготвуваме нацрт -проект кој ќе има за цел да ја зачува хигиената и сајбер будноста и да ги заштити учениците и децата од сајбер напади, информира Шаќири.
Како што информираа претходно од МИОА, „Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 на Република С. Македонија“ се фокусира на утврдување на приоритетните области во ИКТ-секторот и има за цел да ја подготви РСМ за сестрана и агилна дигитална иднина.