– За нас како Федерација беше особена чест што довербата за делењето правда на финалниот ракометен меч на Летните Олимписки игри во Токио беше доделена токму на македонските судии Начевски и Николов, кои со предизвикот се износеа достоинствено и максимално професионално. Како вистински супер-амбасадори на македонскиот спорт, на неколку наврати на големите ракометни арени, овој судиски пар ја покажа и докажа својата експертиза, заради што ние како матична федерација одлучивме симболично да им се заблагодариме. Јас лично, искрено им посакувам нивната успешна приказна да продолжи, изјави денеска претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

За Начевски и Николов, Игрите во Токио беа втора олимпијада во измината деценија, во која еминентниот македонски судиски тандем ја делеше правдата и на повеќе европски и светски шрвенства.