По шест години од основањето, универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие свој инфраструктурен комплекс.

Со одлука на владата од пред неколку денови, високообразовната установа добила локација на која, постојните објекти ќе се адаптираат за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите.

Инвестицијата ќе ја реализираат министерството за образование и наука и самиот универзитет.

Ова, како што информираат од МОН , било повод за денешната средба помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и новоименуваниот ректор на универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Изет Зеќири на која било извршено примопредавање на локацијата во кругот на поранешната касарна „Илинден“ во Скопје, каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус.

На средбата се разговарало за планот на активности и динамиката со која тие ќе се реализираат.шакири очекува градежните активности да започнат оваа година а од следната академска година целиот наставно научен процес да се префрли во новите простории.