Претседателот на германската Централна банка, Јоаким Нагел изрази уверување дека европските централни банки ќе успеат да го контролираат високото ниво на инфлација во еврозоната.
– Сè уште сум уверен дека можеме да се справивме со ова во однос на монетарната политика на таков начин што на крајот можеме да го исполниме нашиот мандат и да излеземе со инфлација од два отсто на среден рок, рече денеска Нагел.
Во исто време, Нагел, кој како претседател на Бундесбанк е член на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), предупреди дека „прозорецот на можности што сега се отвора за мерките на монетарната политика полека се затвора и треба да се направи нешто околу тоа“.
Имаше одредени фактори кои монетарната политика не можеше да ги контролира, призна Нагел, додавајќи дека централната банка сепак може да влијае на инфлациските очекувања.
– Но, не смееме да чекаме предолго. Ако очекувањата за инфлација станат вкоренети на одредено ниво, „тогаш тоа влијае на другите цени, предупреди Нагел.
Тој рече дека во моментов не гледа никаква загриженост дека крајот на ултра-лабавата монетарна политика на ЕЦБ може да ја задуши економијата. Врз основа на сегашните податоци, тој предвиде дека нема да има рецесија.
ЕЦБ најави дека би можела да одлучи да стави крај на нето-откупот на обврзници на состанокот на Советот во јуни. Прекинот на купувањата е предуслов за зголемување на каматните стапки, според ЕЦБ.