Армијата и одбраната го добија вниманието од државата, кое го заслужуваат и четири години наоѓаме решенија и менуваме Закони, за да ги исправиме неправдите, објави министерката за одбаран Радмила Шекеринска на Фејсбук во честитка по повод 1 Мај – Меѓунардонито ден на трудот.

– Во споредба со 2017, денес секој војник има над 50 проценти повисок месечен приход, со решено домување и повисока плата, нова лична опрема и вооружување, нова техника. Го обновивме курсот за подофицери кој 11 години беше заборавен, произведовме нови 120 подофицери за пример на секој војник. Отворивме бројни можности за напредок во кариерата, ги мотивиравме дефицитарните кадри да ни се приклучат. Направивме услови за достоинствено завршување во службата и можност за војниците со 45 години да изберат отпремнина за нов почеток, наведе Шекеинска во објавата.

Таа потенцира дека токму затоа интересот за војничката професија се зголеми десеткратно, а заминувањето во пензија стана достоинствено – под најдобри услови до сега.

– Продолжуваме во соработка со репрезентативниот Синдикат да ги бришеме сите грешки од минатото. Нека е честит 1 Мај, празникот на сите работници! Армијата и на овој ден е будна!, додаде Шекеринска во објавата на Фејсбук.