Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, армиската НАТО единица, со американски инструктори од 4-тата Бригада за поддршка на безбедносните сили во касарната „Јане Сандански” во Штип.
Свое обраќање, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе има и амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз.