Во изјава пред почетокот на Самитот Шеќеринска изјави:

– И на Криволак, и во Скопје, и на Балканот и тука во Брисел ја испраќаме пораката дека заедно сме посилни, дека и како мала земја покажавме дека може да вложуваме во регионалната и евроатлантската безбедност и дека решавајќи ги политичките проблеми и вложувајќи во својата и нашата заедничка безбедност можеме да придонесеме како сојузник, еднаков со останатите

Ова е прв лидерски Самит на кој македонска делегација учествува како делегација на полноправна земја-членка на Алијансата.