Во 12:30 часот во Народен театар во Општина Гевгелија ќе се одржи регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Денес отчет за сработеното ќе дадат:
-Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов;
-Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов;
-Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов;
– Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев;
– Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов;
– Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.