Шест пожари се случиле изминатово деноноќие на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, пренесе информација Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Сува трева и стрништа горела во липковско Оризаре во близина на гробиштата, пожарникарите успеале да го изгаснат во 23 часот.
Во село Романовце дежурала екипа во ноќните часови каде горела сува трева. Пожар имало и во кумановските села Шупли Камен и Пчиња, во попладневните часови.
Суви дрва и трева гореле во месноста „Коњски мост“ во општина Старо Нагоричане во 21 часот, вчера. Пожарот го гаселе тамошните пожарникари во две возила.