Шевченко цели 5 години беше на кормилото на репрезентацијата и Украина имаше прилично пристојни резултати, но веројатно процени дека е време за промена.

“Ми истече договорот со федерацијата на Украина. Минав пет години овде, работевме напорно и докажавме дека сме способни да играме модерен фудбал. Им благодарма на сите играчи, благодарност до сите фанови за целата поддршка, но и критиките, со верба за Украина“, порача Шевченко.

Украина сега влегува во нова фаза на барање на нов селектор, додека Шевченко во иднина веројатно ќе работи во некој фудбалски клуб.