Љубителните на велосипедизмост денеска првпат ја пробаа новата вело шумска патека која се движи низ Средно Водно. Според градоначалникот Петре Шилегов, со оваа патека Средно Водно е поврзавно со велосипед со центарот на градот.
– Оние коишто ја пробале кажуваат дека нуди 20-минутно адреналиско искуство. Оваа патека значи дека функционално го комплетиравме проектот Вело Водно со што нашата омилена скопска планина Водно станува функционална рекреативна и туристичка зона, рече Шилегов.
Овие две патеки, придружната инфраструктура Скопје де факто го ставаат Водно на туристичката мапа и станува туристичка атракција. Оваа патека надолната е црешата на шлагот на сите напори за отворање на планината кон Скопје и кон скопјани, додаде тој.
– Двете патеки за велосипедизам на Водно дојдоа на барање токму на вас велосипедистите, меѓутоа и планинарите бидејќи порано често доаѓавте во конфликт по стазите кога се движевме, така што сега овие патеки де факто немаат никаков контакт со планинарите коишто се движат во нашиот град, истакна Шилегов.
Кога ја правеме оваа патека не исековме ниту едно дрво, напротив расчистувавме само ниска вегетација, посочи Шилегов. Патеката, како што истакна Шилегов, е резултат на она што пред четири години го започнаа, а тоа беше дека сите пари коишто ќе ги земат од паркирањето на возилата овде на Водно де факто ќе ги вложуваат во Водно. Сите средства коишто ги набавивме од паркингот ги вложивме во изминатите две години во овие две велосипедски патеки, изјави Шилегов.