Оперскиот пејач и еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, на својот профил на Фејсбук објави дека актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов како сведок на рочиштето за упадот во Собранието на 27 април 2017 им посакал долгогодишна казна затвор.
– Да потсетам на една мала пикантерија од сведочењето на “гратскиот татко” за случувањата од 27ми Април. На заминување од судница, на нас обвинетите за „тероризам“ ни порача “За многу години”, напиша поранешниот пратеник на „Фејсбук“.
Да потсетам на една мала пикантерија од сведочењето на “градскиот татко” за случувањата од 27 Април. На заминување од судница, на нас обвинетите за #тероризам ни порача “За многу години”.Е па Петре и на твоја глава да си дочекаш.
Загреб платил 800.000€ а Град Скопје 1.700.000€ pic.twitter.com/TiPLwcwD3f— Igor Durlovski (@IDurlovski) May 3, 2021