Денеска, актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов одржа прес-конференција на која зборуваше за загадувањето на градот. Според него, локланата власт во претходните четири години речиси двојно го намалила загадувањето на воздухот во неговиот мандат.
Но, на истата прес-конференција тој доби и прашања од новинари кои го прашаа за скандалите кои му се ставени како товар во оваа предизборна кампања. Тој се правдаше дека не станува збор за никакви нелегални активности, но избегна да даде конкретен одговор. Преку демагогии проба да одговори за скандалите.
– Свесен сум дека сум предмет на црна кампања на ДПМНЕ веќе осум години, започна Шилегов.
Тој вели дека опозицската ВМРО-ДПМНЕ и независната кандидатка која е поддржана од оваа партија, Данела Арсовска се луѓе кои не можат да понудат концепт за развој на овој град и со ова тие прават дефокус на јавноста.
Целото видео од одбивањето за одговор на Шилегов може да го погледнете во продолжение:
Шилегов одбива да одговори на скандалите кои му се ставени како товар
Шилегов одбива да одговори на скандалите кои му се ставени како товар. Тој не кажува ни за ветените проекти од претходната кампања кои не ги оствари!
Posted by Радио Лидер on Tuesday, 12 October 2021