– Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција, рече Шилегов.
Тој посочи на повеќе реализирани активности во градот изминатите години наведувајќи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се само за дефокусирање на јавноста од сработеното.