Шилегов го искоментира и кандидатот на Левица, Георгиевски, но говереше и за неговите амбиции и очекувања уште во првиот круг.

– Јас кажав на почетокот на кандидирање, се додека ставовите на луѓето кои се кандидираат се однесуваат лично на мене, нема да ги коментирам. Секогаш сум спремен да дебатирам со кого и да е, за визијата за Скопје и за развојот на нашиот град. Секој има право да се надева на успех во изборниот циклус. Тоа право му го давам и на господинот Георгиевски. Впрочем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17 октомри. Мислам дека е во заблуда – рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешниот настан за почеток на изградба на клучка на булеварот „Словенија“ и Качанички пат, прашан за коментар на изјавите на Георгиевски.