Имено, од Град Скопје денеска до медиумите испратија покана за настан кој напладне ќе се одржи во Шуто Оризари.
-Град Скопје Ве поканува на прес-конференција по повод почетокот на реконструкцијата на ул. Индира Ганди (3 фаза), која ќе се одржи денеска во 12 часот, на улицата Индира Ганди (100 метри по пазарот во Шуто Оризари). На прес-конференцијата ќе се обратат градоначалниците Шилегов и Дудуш, стои во поканата од Град Скопје.
Владата вчера соопшти дека по најавените за топлотен бран во Македонија со температури над 40 степени донесени низа препораки во следните четири дена, почнувајќи од денеска.
-Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, се вели во соопштението од Владата.
На Шилегов очигледно поважна му е предвреме започнатата предизборна кампања од почитувањето на препораките и заштитата на личното и здравјето на другите граѓани.