Швајцарецот беше фаворит против младиот Полјак, но играше многу лошо и беше запрен во потрагата по нова титула во Лондон.
Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години, дојде на „Вимблдон“ со големи амбиции, а игрите против Ричард Гаске, а потоа и Лоренцо Сонего беа охрабрувачки, како за него, така и за многу фанови.
Сепак, Роџер налета на „тврд орев“ во четвртфиналето, Хуберт Хуркач одигра многу добар натпревар и го испрати Швајцарецот дома.
Федерер не успеа да освои ниту еден сет, и не само тоа – го загуби третиот со нула (6 0).
Полјакот го очекува дуел со подобриот играч од мечот Матео Беретини – Феликс Ожие-Алиасим.