Во тек е акција на МВР преку Бирото за јавна безбедност за откривање на фалс пари
Според неофицијални информации во тек е голема меѓународна полициска акција на територијата на повеќе градови. Покрај зголемено присуство на македонски полициски службеници забележани се и полициски службеници кои носат амблеми на ЕВРОПОЛ или ИНТЕРПОЛ кои меѓусебно ги координираат активностите со своите колеги од Македонија. Според неофицијалните информации се бара поголема количина на фалсификувани евра и се работи на сузбивање на поголема меѓународна криминална мрежа која делува во повеќе држави.
Во игра е и откривање домашна печатница за фалсификувани евра и долари.