Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запрат испораките на руски гас, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испорака од Норвешка или Холандија.
– Владата рано презеде мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас, рече Шолц на соброт во градското собрание на Есен.
– Дури и ако стане тесно, веројатно ќе ја преживееме зимата, рече Шолц, повторувајќи ја својата поддршка за изградба на гасовод од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа.