Властите во Саудиска Арабија објавија дека заплениле 46 милиони таблети амфетамин, шверцувани во пратка со брашно. Ова е и рекордна заплена на дрога во Саудиска Арабија.

Безбедносните сили ја следеле пратката кога пристигнала во пристаништето Ријад, каде што била во складиште, објави саудискиот Генерален директорат за контрола на наркотици (GDNC).

Шест Сиријци и двајца Пакистанци биле уапсени во рацијата во магацинот.

GDNC не го именувале амфетаминот, но Саудиска Арабија е најголемиот пазар за таблети фенитилин. Фенитилинот обично е мешавина од амфетамини, кофеин и разни филери и наводно е една од најпопуларните дроги меѓу младите богаташи во Саудиска Арабија.

Во написот на Форин полиси од 2021 година, истражувачите велат дека минатите социјални ограничувања, како и лесната достапност, ја поттикнале употребата на фенитилин во Саудиска Арабија, според Би-Би-Си. Дрогата ја конзумирале и борците во сириската граѓанска војна, кои велат дека го затапува стравот на бојното поле.

Глобалната трговија со фенитилин рапидно расте и е проценета на 5,7 милијарди долари минатата година, според неодамнешниот извештај на Институтот New Lines.

Портпаролот на GDNC рекол дека пратката од 46.916.480 таблети амфетамин запленети во Ријад е „најголемата операција за шверц на оваа количина на наркотици во Саудиска Арабија“.

Според законите за наркотици во Саудиска Арабија, лицата осудени за трговија со дрога може да бидат осудени на смрт, иако од 2021 година постои мораториум на егзекуции за ненасилни злосторства поврзани со дрога.

GNDC не соопштуваат од каде потекнуваат запленетите таблети, но се верува дека најголемиот дел од фенетилинот запленет во Заливот потекнува од Сирија и Либан.