Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за натамошната германска поддршка за Украина, јави ДПА.

-Во телефонскиот разговор двајцата разговараа и за тоа како да се овозможи извозот на жито од Украина по морски пат, наведе владиниот портпарол Штефен Хебестрејт.

Руската блокада на украинските пристаништа доведе до запирање на извозот на житарици, што предизвика зголемување на цените на храната и влошување на кризата со храна во многу сиромашни земји, особено во Африка.

Шолц, исто така, го информирал Зеленски за неговиот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин пред две недели.

Минатата недела Шолц и вети на Украина испорака на дополнително тешко вооружување. Дополнително, треба да биде доставен и радар за следење на артилерија. Досега, меѓутоа, германско тешко вооружување не пристигнало во Украина.