Американката Алисон Флук-Екрен (42) признала дека предводела женска воена единица на таканаречената Исламска држава во Сирија, како и дека планирала напади на американска територија.

„Си-Ен-Ен“ обавува делови од изјавата што Алисон ја дала на вчера одржаното рочиште во процесот што против неа се води пред Судот во сојузната држва Вирџинија. Обвинетата се изјаснила виновна по една точка од обвинението што ја товари за поддршка на групата, признавајќи дека обучувала стотина жени и девојки како да изведуваат насилни напади.

Американската учителка ги напуштила САД во 2011 година и отишла да работи за либиското терористичко движење ИД. Поранешната студентка по биологија живеела и во Египет и Турција, по што отпатувала во Сирија каде се приклучила на движењето.

Флук-Екрен, позната по псевдонимот Ум Мохамед ал-Амрики, по нејзиното заробувње живеела и во Мосул, Ирак.

Таа била предводник на „Хатибу Нусајба“ – женскиот баталјон на ИД со седиште во главниот град Рака. Нејзина примарна улога била да ги подучува жените и девојките да користат оружје, од пушки „Калашников“ и гранати до самоубиствени бомбашки елеци.

Пред Судот таа признава дека била тренер само на женската група, притоа тврдејќи дека никогаш не се обидела да регрутира девојчиња.

-Не трениравме насилно ниту една млада девојка, ја пренесува „Си-Ен-Ен“ нејзината изјава.

Таа признава и дека зборувала за напади и на американско тло, вклучително на универзитет и трговски центар.

Обвинителството тврди дека има изјава на сведок според кој обвинетата била екстремно радикална, „11 или 12 на скала од еден до десет“. Сведокот уште посочил дека обвинетата била толку екстремна што го сметала за губење ресурси секој напад во кој немало поголем број жртви.

Инаку, документите со кои располага Обвинителството откриваат дека нејзиниот втор сопруг бил член на Ансар Ал Шарија, милитантна организација што го изврши нападот врз американската база во либискиот град Бенгази во 2012 година.

Таа и нејзиниот сопруг, кој подоцна беше убиен во воздушен напад, составиле извештај со анализа на американските документи обезбедени во нападот што потоа бил доставен до раководството на терористичката група.