Германскиот канцелар Олаф Шолц на синоќешниот говор во Прага истакна дека унијата нема да се проширува во скоро време.
-ЕУ мора да се реформира пред да стане Унија со 30 или со 36 земји членки, вклучително земјите од западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија. – рече Шолц во своето обраќање.
Оваа изјава на германскиот канцелар директно опонира на политиките на Македонската влада која на граѓаните им нуди визија дека доколку собранието ги прифати бугарските ултиматуми земјата за брзо време може да стане членка на ЕУ.
Во својот говор во Прага, Шолц говореше и за други прашања како што се владеењето на правото, надворешната политика на ЕУ како и даночните политики за кои земјите во унијата не можат да најдат заеднички јазик затоа што Грција, Кипар па дури и Франција опонираат.