Од Амбасадата на САД во Скопје потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, ја одложува посетата за по Нова Година.
Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија. Од Американската амбасада во Скопје за ДВ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.
Првичната најава беше дека американскиот тим ќе ја посети Македонија во рамките на нивната турнеја во земји од Западен Балкан – Косово, Србија, БиХ, Црна Гора, а потоа и на Хрватска, за на крајот да заврши со посета на Брисел. На средбите во Скопје во план е да се разговара за низа прашања, вклучително и за борбата против корупцијата, економијата и енергетиката.
Најавите за пристигнување на американската делегација предизвика раздвижување во земјата, но и ги подгреа и претпоставките кој се би можел да се најде на црната листа на САД и на удар на санкции поради криминал и корупција.