Луис Енрике и Валид Реграгуи, селекторите на Шпанија и Мароко, ги одредија стартните состави за дуелот од осминафиналето на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.

Шпанците како промена во првиот тим ќе го имаат Марко Асенсио кој ќе тргне од првата минута на местото на Алваро Мората. Мароканците, пак, ќе бидат во полн состав.

Мароко:
Боно; Хакими, Агуерд, Саис; Мазрауи; Амрабет; Амала, Оунаи; Буфал, Ел Незири, Зијеч

Шпанија:
Симон; Љоренте, Родри, Лапорт, Алба; Бускец, Гави, Педри; Торес, Асенсио, Олмо

Натпреварот меѓу Мароко и Шпанија стартува од 16:00 часот.