Последните два осмина-финални натпревари ќе се одиграат денеска со почеток од 16:00 и 20:00, на програмот од 16ч, ќе се одигра дуелот помеѓу Мароко и Шпанија, додека подоцна од 20ч силите ќе ги измерат Португалија и Швајцарија.

Досега немаше изненадувања па фаворитите се надеваат дека тој тренд ќе продолжи и денес додека пак Швајцарија и Мароко се надеваат дека ќе го скршат мразот по повод изненадувања во нокаут фазата.

Шпанија се надева на победа, против итекако незгодните Мароканци кои покажаа дека се вистинско освежување и изненадување на турнирот и секако нема лесно да поминат ниту едните ниту другите.

Додека пак Португалците заедно со мега-ѕвездата Кристијано Роналдо се надеваат дека ќе пројдат понатаму со Швајцарија, и ќе продолжат да сонуваат дека на неговите крилја ќе ја освојат т.н божица меѓу титулите. Швајцарија пак која е константен учесник во завршните фази на големите натпреварувања во последните години, има генерација која е веќе во залез па затоа ќе имаат мотив плус да го бараат своето можеби последно изненадување во овој состав

Се на се ќе уживаме во денешниот фудбалски празник, и се одјавуваме со познатата спортска порака: Нека победи подобриот!