„Помала брзина, повеќе живот во градот“, е пораката под која е воведена новата мерка.

Сопствениците на автомобили во големите градови како Мадрид, Барселона, Билбао и Севиља веќе наидоа на знаци обележани со број 30.

Кога автомобилот вози со брзина од 50 километри на час, ризикот од смрт во несреќа е 90 проценти, а кога вози со брзина од 30 километри на час, тој е само 10 проценти, беше објавено.

Идејата за намалување на брзината во шпанските градови се појави во 2010 година. Од 2013 година, воведен е пилот проект во повеќе градови, што ги потврди очекувањата за помалку смртни случаи.

Европската комисија, извршното тело на Европската унија, предложи план насочен кон „нула смртни случаи во сообраќајни несреќи во 2050 година“.