Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), составена од 19 регионални сојузи, побара синоќа „моментална оставка‘ од претседателот Луис Рубиалес (46) бидејќи ја бакна в уста фудбалерката Џенифер Ермосо (33) за време на доделувањето на златните медали на неодамнешното Светско првенство.
„По последните случувања и неприфатливото однесување кое му наштети на имиџот на шпанскиот фудбал, претседателите бараат Луис Рубиалес веднаш да поднесе оставка како претседател на РФЕФ“, наведуваат во соопштението.
Рубиалес, кој тврди дека ја бакнал фудбалерката Ермосо со нејзина согласност, порача во петокот од седиштетот на РФЕФ дека нема да отстапи од должноста.
Во меѓувреме, ФИФА му изрече тримесечна суспензија додека не заврши истражната дисциплинска постапка и не биде соопштена конечната одлука.
Рубиалес е на чело на РФЕФ од 2018 година, а регионалните фудбалски сојузи на синоќешниот состанок за негов населеник дадоа едногласна поддршка на актуелниот потпретседател Педро Роча.