Полната Месечина ќе го осветли небото на 30 август во знакот Риби. Три знаци ќе бидат најпогодени од овој транзит.

Близнаци

Вашата кариера ќе биде најголем приоритет за вас околу овој датум. Имате големи идеи и амбиции за себе, а таа ви носи можност да ги исполните. Со оглед на тоа дека вашиот владетел Меркур е ретрограден во Девица, можно е да се соочите со мала несигурност во себе, но за среќа, полната Месечина е тука за да ви даде нова перспектива.

Девица

Полната Месечина го осветлува вашиот сектор на љубовта, што значи дека е време да создаде цврсти односи со луѓето кои ви значат. Ако досега не бевте сигурни за својот љубовен статус или бевте по потрага по нешто конкретно на ова поле, оваа лунација ви носи исполнување на вашите љубовни желби. Не тежнејте по совршеност, туку кон убаво чувство и поврзаност кои ги создавате со луѓето чија енергија ви одговара.

Риби

Вие сте главниот карактер за време на полната Месечина во вашиот знак. Таа ја осветлува вашата прва куќа на личноста што значи дека приоритетот е на себеси. Меркур е ретрограден и би можел да носи мали предизвици на ова поле, но дозволете си оваа лунација да послужи како потсетување колку вредите и колку можете.