Шпанија заплени 15,4 тони хашиш од Мароко и уапси 49 лица за време на операција за разбивање на голема мрежа за шверц на дрога во земјата.

Според шпанската цивилна гарда, се верува дека тоа е најголемата шверцерска група во Шпанија и оти секој месец увезувала до 19,7 тони хашиш од Северна Африка.

Шверцерите, соопшти полицијата, биле тешко вооружени.

Во операцијата беа вклучени околу 400 полицајци и почна во декември 2021 година, откако властите дознаа за бандата.