На осомничениот за кривичното дело му е определен привор од 30 дена.

Осомничениот, како што информираа денеска од ЈО, на 7 март, при излез од државава на граничниот премин Деве Баир, неовластено пренесувал наркотична дрога хашиш со вкупна нето маса од околу 8,3 килограми и марихуана со вкупна нето маса од околу 4,9 килограми.

Дрогата, наведува во соопштение ЈО, осомничениот претходно ја набавил од лице во Република Албанија, а потоа се обидел да ја пренесе во Република Бугарија, но, бил откриен од царинските службеници на граничниот премин Деве Баир.

– Поради опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, велат од ЈО.