Денешното рочиште за случајот „Шпански скали“ се одложи, поради смртта на една од обвинетите, Емилија Радојкова. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека усно ја добила оваа тажна вест, но оти ќе ѝ биде потребен и официјален документ за смртта.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а следното рочиште е закажано за 21 декември.
Во случајот „Шпански скали“, покрај Радојкова, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.
Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.