Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.
Ива му рекла на лекарот дека живее во Бугарија и дека во Македонија дошла на викенд кога се случила сообраќајната несреќа.
– Логично беше да предложам да го продолжи лекувањето во Бугарија. Знаев дека има два пасоша и дека има бугарско осигурување. Сега кога ќе си го вратам филмот, можеби имало тука и одредена симулација од нејзина страна. Сега ја гледам се движи, ги нема тие симптоми што ги имаше тука, бидејќи тоа не беше хронична неизлечива болест туку последица на повреда. И тие обично се подобруваат – вели Барбов во изјава за Прва ТВ.
Тој вели дека Ива имала посттраумтска повреда и невропатија што се лекува и дека состојбата никогаш не можела да ѝ се влоши до толку за таа да остане со траен инвалидитет.
Лекарот вели дека Ива не била во тешка невролошка состојба ниту во витално загрозувачка состојба.
– Даваше изјава за некој бугарски портал и ги преувеличуваше симптомите. Од јули месец не се појави повеќе на преглед – додаде Барбов.
