Долниот дом на шпанскиот Парламент се очекува на 26 и 27 27 септември да гласа за изборот на лидерот на конзервативната Народна партија (НП) Алберто Нунес Фејхо за нов премиер на земјата, изјави претседателката на Долниот дом, Франсина Арменгол, цитирана од ДПА.

-Тоа ќе му даде доволно време на Фејхо да преговара со другите партии, објасни Арменгол.

Очекувањата во Шпанија беа датумот за изјаснување на пратениците ќе биде зажан за многу порано.

По дводневните консултации на кралот Фелипе Шести со лидерите на парламентарните партии, монархот синоќа му го врачи мандатот за формирање нова влада на 61-годишниот Фејхо.

За да биде одобрен изборот уште во првиот круг од гласањето, кандидатот за премиер треба да собере мнозинство од најмалку 176 пратенички гласови.

И покрај победата на НП на предвремените избори на 23 јули, Фејхо нема доволно поддршка од другите партии за да го наследи преодниот премиер Педро Санчез. Затоа социјалистот е убеден дека има реални шанси да остане на функцијата.