Како што јави дописникот на МИА од Софија, за изборите за 4 април има пријавено вкупно 5.962 кандидати за пратеници, од кои 2.620 биле проверени од Комисијата, а 3.342 не подлежат на инспекција затоа што се родени по 16 јули 1973 година.
За 15 од кандидатите на опозициската Бугарска социјалистичка партија утврдено е дека имале врски со поранешната Државна безбедност. Од ВМРО има седум, од Движењето за права и слободи – осум, а во списоците на ГЕРБ има само еден.
Двајца соработници на ДС има и на списоците на „Стани!-Погледни надвор“: Христо Илиев, израснат во Сливен и Маријана Чонова Сарафова, која е кандидатка од Пловдивско. Нивната коалиција денеска соопшти дека ги повикала да ги напуштат кандидатските листи.
Во „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ-презентер Слави Трифонов пронјадени се тројца кандидати со врски со поранешната ДС, а Комисијата идентификува и еден кандидат за пратеник во „Републиканците за Бугарија“, кој се наоѓа на списокот во Шумен. Станува збор за Валентин Ваков, кој објави дека се повлекува од изборната кампања затоа што „не сака навестувања поврзани со неговото професионално минато“ да влијаат врз активностите на партијата. Четворица се пронајдени на списоците на АБВ.
Постојат осум кандидати за пратеници поврзани со Државната безбедност во синдикатот Волија-НФСБ, и тројца во „Преродба“.
Само „Демократска Бугарија“ нема во своите списоци соработници на поранешната Државна безбедност.