Штајнакер, во интервју за БНР, вели дека одлично ги знае аргументите на двете земји, но не сака да процени кој е во право, а кој не. Сепак, според нејзиното мислење, овој проблем сигурно нема да биде решен наскоро.
Позициите на Софија и Скопје се многу различни и наведува дека преговорите најверојатно ќе треба да се водат со посредство на трета земја.
Според германскиот дипломат, за Бугарија е важно да се бори сама со себе и да признае дека постојат разлики со Република Македонија и дека овие разлики нема наскоро да се надминат.
– Двете страни, во духот на Договорот за добрососедство, мора да признаат дека имаат значителни разлики, но работат на нивно надминување и постигнување заедничко решение. Ова ќе одземе време. Дотогаш, Бугарија не треба да се меша со почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, бидејќи во моментот се работеше само за почеток на преговарачкиот процес, вели таа.
Амбасадорката Штајнакер беше категорична дека ниту една земја нема да биде примена во ЕУ доколку има нерешено билатерално прашање. Оваа грешка еднаш ја направи Брисел со Кипар, но нема да се повтори. Според неа, Бугарија нема за што да се грижи доколку го поддржи почетокот на преговорите за членство меѓу ЕУ и Република Северна Македонија. И овие преговори, рече таа, ќе траат „многу многу долго“, јави дописникот на МИА.