Прашање на време е кога Кими Антонели ќе седне во болидот на Ферари, смета поранешниот шеф на тимот на Хас, Гинтер Штајнер. Оваа изјава привлече големо внимание во мотоспортот со оглед на потенцијалот што го покажува младиот возач.

Антонели во моментов има важечки договор со екипата на Мерцедес до крајот на 2027 година, а раководството веќе има започнато преговори за продолжување на соработката.

„Како Италијанец со таков талент, нема дилеми дека ќе заврши во Ферари. Кими ако сака може уште утре да се пресели во тимот од Маранело“, вели Штајнер.

Штајнер исто така дополни дека нема никакви дилеми дека дваесетгодишниот Антонели нема да застане на постигнатото и дека ќе освои повеќе од една шампионска титула во Формула 1.