Заврши операцијата на повредениот пријател на Раде Трајковски Штекли, кој беше потешко повреден во пукањето во трговскиот центар Ист Гејт. Информацијата за А1он ја потврди директорот на болницата „Св. Наум Охридски“, Љубен Арсенков. Иако засега е стабилен, тој е ставен на машина која му помага во дишењето.
„Пред малку заврши интервенцијата. Има сериозни повреди во стомакот и градниот кош, засега е стабилен, но е на машина“, вели Арсенков за А1он.
Штекли пак е пренесен на Клиниката за торакална хирургија на понатамошно лекување. И тој е тешко повреден, но е во полесна состојба од неговиот пријател.