Уапсен штипјанец со 4300 петарди
Полицијата во Штип синоќа уапси 47-годишен маж откако на неговата тезга на градскиот плоштад „Слобода“ биле пронајдени 1.340 парчиња различни пиротехнички средства. Лицето било лишено од слобода околу 20:15 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Претрес во домот
По првичната акција, со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле откриени уште 2.993 парчиња пиротехника. Со тоа, вкупно биле одземени 4.333 петарди и други пиротехнички средства.
МВР ги продолжува контролите
Од МВР информираат дека пиротехниката е одземена, а против лицето ќе следуваат соодветни постапки. Контролите на терен продолжуваат со цел спречување нелегална продажба на пиротехнички материјали.
