Штипјанец лишен од слобода на автопат „Пријателство“ поради безобѕирно возење
На 22.08.2025 во 18:35 часот, Штипјанец лишен од слобода на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, кога полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го застанале Г.Ј. (36) од Штип.
При сообраќајна контрола, констатирано е дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.