Половина од тоалетите што пред неполна година биле реконструирани во штипското основно училиште „Тошо Арсов“ се надвор од функција неколку месеци.

Изведувачот наплатил 600.000 денари, но направил грешка при реконструкцијата, а во моментов не му се јавува на надзорникот, објави ТВ24.

Во училиштето во просек има околу 400 ученици во смена. Функционални се само четири тоалети на едниот дел од зградата.

Сега се бара нов изведувач., а од општината велат ќе се утврдува одговорност. Во Штип до сега имало вакви промашувања во проектите кога требало да се плаќа за грешките на изведувачите, но никој, барем според сознанијата на телевизијата, не поднел одговорност до сега.